ИЦ форум

Селамун алејкум, добредојде на ИЦ форум форумот.

Вие во моментов сте како Гостин, статус кој ви оневозможува користење на некои функции на форумот.

Сепак, регистрирањето е бесплатно и со тоа ќе ви биде овозможено коментирање на веќе постоечките теми, отворање свои теми, контакт преку приватни пораки со членовите и др.

Затоа не чекај воопшто, РЕГИСТРИРАЈ СЕ на ИЦ форумот!

Имате нова Приватна Порака! Кликнете ТУКА за да ја прочитате!

Назад   ИЦ форум > Разно > Наука и Здравје

Белешки

Наука и Здравје Пишувајте тука за научните откритија, здравствени проблеми и нивно лекување, правилна исхрана за здраво тело.

Реплика
 
Алатки за тема
Старо 22-06-10   #1
Burak
Постар Почесен ИЦ Член
 
Аватарот на Burak
 
Зададено Хиџретски календар


Исламскиот календар (Hedzra на арапски или Hidzra на турски), го означува бегството на Мухамед од Мека во Медина, во периодот од 28 јуни до 20 септември. Од тогаш започнува исламското сметање на времето, а за почетен датум е земен 16 јули по Јулијанскиот календар. Овој календар во потполност е лунарен календар. Самиот содржи 12 месеци, кои се базираат на 12-те синодички месеци, и годината се состои од 12 х 29,53 = 354,36 дена. Според ова, исламскиот календар е пократок во однос на тропската година.

Календарот се базира на Куранот (Sura IX, 36-37) и неговото правилно следење е света должност на сите Муслимани. Зборот Куран потекнува од Quranu - арапски збор што значи читање или рецитирање, и претставува света книга на Исламот, која содржи 114 поглавја (сури) со теолошка, правна и етичка содржина. Вакви Божји стихови има 6616, или вкупно 77 934 збора.
Исламскиот календар е официјален календар во Саудиска Арабија и некои помали земји во заливот. Останатите муслимански држави го користат Грегоријанскиот календар, а Исламскиот календар го применуваат исклучиво за религиозни потреби.


Исламскиот календар е официјален календар во Саудиска Арабија и некои помали околни држави



Имињата на месеците во Исламскиот календар се дадени во следнава табела:


турски
албански
македонски

1
Muharem
Muharem
Мухарем

2
Safer
Safer
Сафер

3
Cuma
Xhuma
Џума

4
R. Ahir
R. Ahir
Р. Ахир

5
C.Ula
Xh. Ula
Џ. Ула

6
C. Ahir
Xh. Ahir
Џ. Ахир

7
Recep
Rexhep
Реџеп

8
Saban
Shaban
Шабан

9
Ramazan
Ramazan
Рамазан

10
Sevval
Shevval
Шевал

11
Zil Kade
Dhul Kade
Зул Каде

12
Zil Hice
Dhul Hixhe
Зул Хиџе



Годините во Исламскиот календар се бројат од Hidzra, односно од пребегнувањето на Мухамед а.с од Мека во Медина.
Мухаммед а.с. е роден во 570 година, во градот Мека, Саудиска Арабија. Тој бил необразован човек, кој не знаел да чита и пишува, но светиот Куран го знаел напамет. Куранот бил напишан подоцна од неговите Асхаби. Веднаш откако започнал со ширење на Исламот, Мухаммед а.с. и неговите Асхаби биле прогонувани и принудени да се соочуваат со големи тешкотии. Затоа, Аллах му наредил да се пресели во Медина. Во период од 23 години тој ја извршил својата пејгамберска мисија и умрел на 63 годишна возраст. Живеел еден совршен живот, кој претставува персонификација на Куранското учење - Исламска верска заедница.

Горенаведеното се случило, под претпоставка, на 16.07.622 година според Јулијанскиот календар, и од тогаш сметаат дека започнува нивната година. Исламскиот календар, за разлика од Грегоријанскиот, е пократок за 10, 11 или 12 дена во зависност од тоа во кој календар е престапната година.

Во Исламскиот календар нема зимски и летни месеци. Годината трае 354 или 355 дена и при тоа доаѓа до поместување на месеците. Како основа за календарот е земен синодичкиот месец, кој трае 29,53059 или 29 дена, 12 часа, 44 минути и 2,97 секунди. Секој нов месец започнува со појавата на Месечевиот срп, кој се јавува на западната страна, по фазата на млада Месечина. Иако времето на излегување на Месечината може со прецизност да се пресмета, видливоста на српот на младата Месечина доста тешко може да се предвиди. Тоа зависи од различни фактори: метеоролошките услови, оптичката видливост на атмосферата, локацијата на набљудувачот и др. Според ова, информацијата за излегување на новата Месечина во голема мера зависи од опсерваториските центри во муслиманските држави.


Определувањето на Исламскиот календар во голема мера зависело од набљудувањата во старите опсерватории


Исламската година, која се базира на синодичкиот месец (12 х 29,53059), трае 354,36 дена или 354 дена, 8 часа, 38 минути и 24 секунди. Од ова произлегува дека мора да постои и престапна година. Престапната година се одредува според следната постапка: годината ја делиме со бројот 30, потоа децималниот остаток го множиме со бројот 30, и доколку приближно се добие еден од следните бореви, тогаш годината е престапна:

2, 5, 7, 10, 13, 16, 18, 21, 24, 26 и 29;

На пример, за новата 1426 година, која започна на 10 февруари 2005, имаме:

1426 : 30 = 47,5333
0,5333 x 30 = 15,999 ~ 16

Од ова произлегува дека 1426 година е престапна година, а доколку се земе предвид и фактот дека Грегоријанската 2005 година е проста, тогаш наредната 1427 година ќе започне 10 дена порано во однос на Грегоријанскиот календар. Истото се случува и со религиозните празници. Престапна ќе биде и 1428, 1431, 1434 година итн.

Просечната должина на месеците во овој календар е 29,53056 дена (29 дена, 12 часа, 44 минути и 0,38 секунди) што е релативно прецизна бројка во однос на синодичкиот месец, кој трае 29,53059 (29 дена, 12 часа, 44 минути и 2,97 секунди).
Доколку овој календар се користи на простор со слична географска ширина како нашата, тогаш сите месеци од календарот за времетраење од 10 до 15 години ќе бидат и зимски и пролетни и летни и есенски.

Треба да се напомене дека според Христијанскиот календар, кај Исламскиот сега треба да е 1383 година (2005 – 622 = 1383). Но, според Исламскиот календар сега е 1426 година. Тоа се случува поради тоа што Исламската година во просек е пократка за 11 дена. Со текот на времето овие два календари ќе се совпаднат, меѓутоа до тогаш треба да поминат уште многу години. Имено, првиот ден од петтиот месец во 20 874 година по Грегоријанскиот календар приближно ќе се совпадне со првите денови од петиот месец во 20 874 година според Исламскиот календар.

Зоран Милчески
__________________
Ние на блиска казна ве опоменуваме, на Денот во кој човек делата на рацете свои ќе ги види, а неверникот ќе извика: „Камо среќа прашина да бев!“78/40 Куран
Burak е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-08-10   #2
islam nur
Постар Почесен ИЦ Член
 
Аватарот на islam nur
 
Зададено



Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!


Во 638 година по Иса а.с., вториот Исламски халифа (владар) Омер ибн Хаттаб го одредил хиџретот за почетна точка во рачунањето на муслиманската ера.

1 Мухарем е првиот ден од исламската година. По исламскиот календар денот започнува со заоѓањето на сонцето,т.е. со Акшамскиот Езан,а не на полноќ како што тоа е случај со Соларниот календар. Муслиманскиот календар е Лунарен,се одредува по движењето на месечината,има 354 дена,8 часа и 48 минути, што за 6 минути е пократко од астрономската лунарна година.

Поради тоа што лунарната година е пократка од соларната за 11 дена, датумот за почетокот на муслиманската година секогаш паѓа 11 дена порано од претходната година.

Месеците во исламската година се:

1. Мухаррем,
2. Сафер,
3. Ребиул-Еввел,
4. Ребиул-Ахир,
5. Џумадел-Ула,
6. Џумадел-Ухра,
7. Реџеб,
8. Ша'бан,
9. Рамазан,
10. Шеввал,
11. Зул-Ка'де и
12. Зул-Хиџџе


Преселбата на Мухаммед а.с. од Мекка во Медина припадниците на Исламот ја сметаат за еден од позначајните настани во Исламската Историја.Датумот на преселбата (Хиџретот) бил Петок 16 јули. 622 година по Иса а.с.,и тој е почетната точка на хиџретскиот календар.Од тогаш хиџретскиот календар е среден и единствен,полноважен за сите муслимани во светот.

Текот на историјата на човештвото го добил својот нов правец,а самото човештво добило уште една своја нова одредница и втемелување на еден нов поглед на животот.

Хиџретот е таа одредница која целата дотогашна историја на човештвото ја разделува од онаа која после уследила.севкупната ситуација и положба на муслиманите;економски,општествено ,па и политички со Хиџретот се менува.Ништо повеќе не било исто!

Самиот збор во арапскиот јазик етимолошки е сврзан за глаголот "хаџере-јухаџиру или "хеџере-јехџуру",што значи: да излезеш,да оставиш,да напустиш и сл.

Под овој поим Хиџра,се подразбира излегувањето на првата малечка заедница на муслимани од Мекка,од средината во која што се родиле,но во која физичката егзистенција им била загрозена,во Медина,тогашниот Јесриб,град во којшто идеата на Исламот нашла плодно тло,и каде што веќе живеела голема група на оние кои што претходно биле декларирани и потврдувани како муслимани.

Самиот тек на Хиџретот е сведок на директната Аллахова интервенција,бидејќи по сите претпоставки Мухаммед а.с.,не можел да излезе жив ниту од својата куќа,а камоли од Мекка.Но,и покрај сите стражи тој мирно и незапазено поминал и безбедно стигнал во Мекка со својот верен другар Ебу Бекир р.а.

Со доаѓањето во Медина само дел од Хиџретот бил реализиран,бидејќи Хиџретот означува заминување со намера за повторно враќање.Затоа и Хиџретот бил долготраен процес,бидејќи победоносното враќање во Мекка ќе уследи многу подоцна.

Преселбата во Медина е повеќезначајна.Исламот во овој град ја добива својата шанса.Во Медина тој заживеал во полн сјај,се проведувал во пракса,и се изградил системот на живеење кој бил втемелен врз база на исламските принципи.Муслиманите ја добиле својата слобода и можноста за слободен развиток.

На политички план исламот спроведува ренесанса.Разединетите,и,во значителна мерка раскарани арапски племиња,Исламот ги собрал околу единствената идеа и ги соединил под закрилата на исламот.После хиџретот се напишал и првиот Устав на исламската држава,познатата Мединска повелба,во која,за прв пат во историјата на човештвото,им се даваат правата на националните и верските малцинства.

После Хиџретот се формирал центарот на идната голема исламска држава,која подоцна ќе се простира на три континенти и која со силата,моќта и сјајот ќе ги надмине сите царства кои што постоеле.После Хиџретот,за исламот се тргнува по нагорна линија,а за сите негови противници по надолна линија.

Хиџретот го означува почетокот на исламската ера!Хиџретот ја одвоил вистината од лагата!Со него исламот засјаел во полн сјај!Хиџретот постанал вечна инспирација!Паднале идолите од Земја!Арапските племиња во и околу Медина го прифатиле исламот.Се изградила Мединската Џамија.Дури самиот Мухаммед а.с.

Учествувал во нејзината изградба.! Во Медина е пропишан месецот на постот,Рамазан,како и давањето Зекат! Следат битките на Бедр,Ухуд,Сириската граница,Фетхул Мекке,Опсадата на Мекка.

Муслиманите се запознаваат,описменуваат,ги прифаќаат и ги применуваат Кур,анските закони.Мухаммед а.с. во Медина го удрил темелот на исламската заедница,на државата во која се манифестирала приврзаноста кон верата.Така новата и млада исламска држава насобрала околу себе различни народи,но на сите им гарантирала полно право и слобода.

Во Медина Мухаммед а.с. неуморно работел.Кур,анот-Аллаховиот Збор постанал систем по кој живееле муслиманите.

Раскажува Алија р.а.: "Го прашав Мухаммеда а.с. за начинот на неговиот живот на овој свет,па тој ми го одговори следното:"Главницата на мојот имот е спознанието на Аллах,Паметот е темел на мојата вера,љубовта према Бога е мој наслон,споменувањето на Аллах е мојот најдобар разговор.Наслонувањето на Него е мојата благајна.Грижата е мојот другар.Знаењето е моето оружје.Стрпливоста е мојот заштитиник.

Задоволството е мојата добивка.Да нему бидам потребен на никој сем Аллах е мојата работа. Побожноста е мојот занает. Искреноста е мојот заштитиник. А мојата најдобра селидба е единствено во Намазот-Молитвата."

Аллах џ.ш.. во сура Али Имран,195 ајет за Хидџретот,мухаџирите(емигрантите) и Енсариите(домаќините) вели:

"...А оние кои се исселија и кои беа прогонети од огништата свои,и кои беа малтретирани на Мојот Пат и кои се бореа и кои гинеа ќе им ги простам гревовите нивни и ќе ги воведам во бавчите Џеннетски низ кои реки течат.Наградата е-Аллахова! А кај Аллах наградата е најубава"

Со својата пожртвуваност Асхабите (другарите) на Мухаммед а.с. докажале дека нема успех без жртва и победа без борба,дека живеат оние коишто умираат за идеалот.Муслиманите победиле,бидејќи ја сакале смртта онолку колку што нивните непријатели го сакале животот.Така дошло до Хиџретот.А Хиџретот го донел Бедр,Ухуд,Хендек,а овие места барале жртви,а жртвите донеле победа.А победата овозможила живот.

Животот создал култура.А културата и напредокот загарантирале сигурен развој и господарство на муслиманите во минатото и Иншаллах (Ако Бог даде) и во иднината.Поради наведеното Хиџретот представува еден од најзначајните датуми во исламската историја,но и во севкупната човечка историја.

Во првото доба на исламот,Хиџретот значел промена на дотогашниот начин на живеење и оставање на се она штое негативно.Додека пораката на денешната Хиџра е оставање на се она што не одврача од Аллах џ.ш.,и нашиот влез во новата хиџретска година да биде со намера да бидеме подобри и полојални муслимани на Аллах џ.ш.Ибнул Кајјим рекол:"Вистинскиот Хиџрет е двосмислен:хиџрет од место во место,и хиџрет(преселба) кон Аллах и неговиот Пратеник".

Затоа ние овој ден не го славиме како што ги слават празниците другите.Ние муслиманите овој ден го одбележуваме со пригодни верски манифестации:Учење Кур,ан,Зикр (спомнуванје на Аллах),и со други верски содржини.

Затоа пораката на Хиџретот треба да одзвонува во ушите на секој припадник на Исламот! А таа гласи:

Да ги оставиме празните приказни,а да се прифатиме кон полната и плодоносна работа.Да ја оставиме наивноста,а да ја прифатиме сериозноста на нашата судбина.Да го оставиме минатото со кое не можеме ние балканските муслимани да се гордееме,а да ја прифатиме иднината во која ќе се гордеат ако не ние,нашите потомства.

Да ја оставиме меѓусебната недоверба,а да ја прифатиме братската доверба.Да го оставиме џехалетот(незнаењето),а да го прифатиме знаењето.Да го оставиме лажното пријателство,а да го прифатиме вистинското пријателство од пријателите.Да го оставиме се она штое штетно за нашата вера,семејство,џемаат,татковина и Уммет,а да го прифатиме се она штое корисно за нашата вера,семејство,џемаат,татковина и Уммет.
__________________



За Аллах единствено исламот е вистинска вера. А оние на кои им е дадена Книгата се разделија во оној момент кога им дојде знаењето, и тоа од меѓусебна завист. А Аллах брзо ќе се пресмета со тие што нема да веруваат во Аллаховите зборови.

Последен пат изменето од islam nur : 30-08-10 во 21:27.
islam nur е офлајн   Одговор со цитат
Старо 31-08-10   #3
Ebu Benjamin
Постар Почесен ИЦ Член
 
Аватарот на Ebu Benjamin
 
Зададено

Цитат:
Напишано од صابرينا Прикажи го мислењето
شكرا.........
Превод на МК : Ви благодариме .........
__________________
Потпис : Копнеам за мојата татковина Палестина
__________________
يوسف ابو بنيامن
Ebu Benjamin е офлајн   Одговор со цитат
Старо 31-08-10   #4
IslamicMaster
Администратор
 
Аватарот на IslamicMaster
 
Зададено

Цитат:
Напишано од Ebu Benjamin Прикажи го мислењето
Превод на МК : Ви благодариме .........
__________________
Потпис : Копнеам за мојата татковина Палестина
Еве најдовме и преведувач за на форум.

__________________
“Ниту еден работа на верникот на Судниот ден, нема да биде потешка на вагата од убавиот карактер. Навистина Аллах ги мрази бесрамните во говор и однесување.“ (Тирмизи)
IslamicMaster е офлајн   Одговор со цитат
Реплика

Bookmarks


Членови кои моментално ја гледаат темата: 1 (0 членови и 1 гости)
 
Алатки за тема

Правила на пишување
Вие не може да отворате нови теми.
Вие не може да реплицирате.
Вие не може да внесувате додатоци.
Вие не може да ги менувате Вашите коментари.

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 02:45.


Ова е лиценциран софтвер на vBulletin® Version 3.8.4
Copyright ©2000 - 2014, Jelsoft Enterprises Ltd.
Copyright IC - www.islamski-centar.org