You are here: Дома Илм - Наука Наука и Здравје 100 % Чисто масло од Црно Семе
  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
Search

Исламски Центар веб портал


100 % Чисто масло од Црно Семе

Е-пошта Печати PDF

Чест ни е да ви го презентираме Ashifa roghan e kalonji (масло од Црно семе), бидејќи како што Пратеникот Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, ни го пренесе значењето на кalonji како лек за сите болести освен смртта. Најпрвин да ја видиме хранливата вредноста на кalonji.

Хранливата вредност (кalonji – масло од Црно семе):

Протеини       208 mg/g
Тијамин            15 mg/g
Рибофлавин       1 mg/g
Пиридоксин       5 mg/g
Нијацин           57 mg/g
Фолацин        610 mg/g
Калциум      1,859 mg/g
Железо            105 mg/g
Бакар                18 mg/g
Цинк                 60 mg/g
Фосфор        5,265 mg/g

Историја на Црното семе

Употребата на Nigela Sativa е од пред 2500 год. Пред н.е. Тоа се спомнува во грчкиот медицински систем и има големо значење во сатрата медицинска пракса, посебно во Стариот Египет. Исто така, било спомнато и во книгите на научникот Ал Баируни. Авицена го потенцира неговото значење во својата медицинска книга Канон за медицината.

Исто така објаснил дека овој лек го стимулира телото со енергија и го повраќа од замор и депремираност. Семоќниот го испратил пратеникот Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, како милост за целото човештво, кој за доброто на човештвото, со својата мудрост, предложи: „Употребувајте го црното семе (Kalonji), зошто тоа содржи лек за секоја болест, освен за смртта.“Тоа имало голема улога во лекувањето на многу болести.

И денес во многу западно европски земји направени се повеќе студии и истражувања. Тие докажуваат дека маслото Nigela Sativa е природна материја со богата прехранбмена вредност, минерали, амино киселини, со голема способност за подржување на системот за имунитет како и лекување на многу болести. Луѓето запомнија дека Црното семе има лек за сите болести, но заборавија дека мораат постојано да го употребуваат. Денес, современите научни истражувања го потврдија она што Пратеникот Мухаммед го рекол пред 14 века, дека црното семе е златен рудник на здравје. Денешните сознанија тврдат дека Црното семе може да излекува и фатални болести, како што се РАКОТ И СИДАТА.

100 % чистото масло од црното семе го зајакнува имунолошкиот систем, ја прочистува крвта и го штити телото од сите видови болести. Го поддржува метаболизмот, го подобрува варењето и го намалува нивото на шеќерот во крвта. Особено е корисен против бронхитис, кашлица, киселени, тврда столица, болки во грбот, нервозни тензии, крвен притисок, помал број на сперматозоиди, ревматизам, артритис, првут, сува кожа, опаѓање на косата, сите видови алергии и различни проблеми поврзани со кожата.

Дозирање и начин на употреба

МЕНТАЛНИ БОЛКИ И НЕВРОЗИ: Во случај на ментален стрес, нервни тензии и физичка слабост, земете 5 капки од маслото од Црно семе, измешано во една лажичка мед или некаков шербет.

СЛАБА МЕМОРИЈА: Сварете 10 грама ментол  во една чаша вода. Додајте 10 капки од маслото од Црно семе и лажичка мед. Пијте го топло.

РАК: Земајте една чаша сок од морков во која што има половина лажичка масло од Црно семе два пати дневно. Продолжете со третманот три месеци.

АСТМА: Пред појадок и пред спиење, земете половина лажичка од маслото од Црно семе во филџан млако млеко. Два пати дневно, земајте пареа од зовриена вода со една лажичка масло од Црното семе. Исто така нежно масирајте ги градите ги градите и грлото три пати дневно со маслото од Црното семе .

ДИЈАБЕТИС: Земете половина лажичка дробено семе од Касни (Endive) и од Мети (Fenugreek) измешани со 5 капки масло од Црно семе  два пати дневно. Пијте еден филџан исцедена вода од диња (Карела) секои три дена.

ЕГЗЕМА И ТЕНИЈА: Нежно масирајте ги местата на кои има егзема или тенија со маслото од Црно семе три пати дневно. Продолжете додека не се излекувате. Исто така, земајте по 10 капки од маслото од Црно семе на со лажичка мед еднаш на ден.

СЛАБ ЦРН ДРОБ: Потопете 10 грама Ајова (Ajawain Desi) во чаша вода и оставете го да отстои 24 часа, процедете ја водата и испијте ја, откако во неа ќе додадете 5 капки масло од Црно семе.

ЗАДЕБЕЛУВАЊЕ НА СЛЕЗИНАТА: Изрендајте диња (карела) и исцедете ја водата од неа. Додајте 5 капки од маслото од Црно семе во 5 лажички од таа вода и пијте ја еднаш дневно.

ЖОЛТИЦА: Во еден филџан вода, потопете 25 грама лисја од к’на и оставете ги да престојат преку ноќ. Следниот ден, процедете ја водата и додајте една лажичка мед и половина лажичка масло од Црно семе. Пијте ја смесата еднаш дневно во текот на 15 дена.

КРВАРЕЊЕ ОД НОС: Изгорете чист лист бела хартија. Пепелта измешајте ја со две капки од маслото од Црно семе и ставете ја смесата во носот. Тоа ќе го сопре крварењето.

ПОВТОРЛИВА ТРЕСКА: Потопете околу 12 грама Ајова (Ajawain Desi) во една чаша вода. Утредента, исцедете ја течноста и додајте 10 капки од маслото од Црно семе на ТТ. Пијте од течноста еднаш дневно во текот на 8 дена.

МРЗЕЛИВОСТ И ОПШТА СЛАБОСТ: Секое утре пред појадок, земете по 10 капки од маслото од Црно семе, помешани со чаша сок од портокал.

ЕПИЛЕПСИЈА: Ставете една капка до маслото од Црно семе во левата ноздра првиот ден и една капка од маслото во десната ноздра вториот ден. Секој ден, земајте по 10 капки масло од Црно семе со мед.

МЕНИНГИТИС: Два пати дневно, земјате половина лажичка масло од Црно семе со сок од еден лимон.

МИГРЕНА: Нежно масирајте ги слепоочниците и другите болни места со масло од Црно семе. Исто така, земјате половина лажичка од маслото со половиан лажичка мед секој ден.

УШНИ БОЛКИ: Ставете една капка масло од Црно семе во инфицираното уво.

ЗАБИ И НЕПЦА: Изгорете една коцка обична сол и направете прашок. Измешајте по две капки масло од Црно семе и масло од сенф во малку прашок и намачкајте ги забите и непцата. Потоа, измијте ги забите и непцата со паста.

ВРТОГЛАВИЦА И ГЛАВОБОЛКА: Три пати дневно, пијте чаша јогурт со 5 капки масло од Црно семе. Исто така, нежно масирајте ги болните места со масло од Црно семе.

БОЛНО ГРЛО ИЛИ БОЛКИ ВО ГРЛОТО: Откако во млака вода ќе додадете 5 капки од маслото од Црно семе, правете гарагара со истата.

ГАДЕЊЕ И ПОВРАЌАЊЕ: Измешајте по две лажички шеќер и овошен оцет, додајте 5 капки од масло од Црно семе и излижете ги.

ИКАЊЕ: Земајте половина лажичка масло од Црно семе со малку путер, по потреба.

КИСЕЛНИНИ: Испијте чаша топло млеко, измешано со половина лажичка масло од Црно семе и една лажичка мед.

СТОМАЧНИ БОЛКИ: Испијте чаша млеко со 10 капки масло од Црно семе и малку сол.

СЛАБ СТОМАК: Здробете и измешајте кумин, црн бибер и сол во еднакви количества. Ставете една лажичка од смесата со 10 капки масло од Црно семе во чаша сок од свежи јаболка и пијте еднаш дневно.

ЦРЕВНИ ЦРВИ: Ставете 5 капки масло од Црно семе и 10 капки оцет во чаша вода. Пијте го сокот еднаш дневно.

ДИЈАРЕА: Ставете по една лажичка анасон, ментол, цимет и половина лажичка сол со 6 зрна зелен кардамон во еден литар вода и згответе ја смесата како чај. Испијте половина чаша од таков чај со 5 капки масло од Црно семе на секои два часа.

ТВРДА СТОЛИЦА: Додајте по половина лажичка Cassia Augustifolia и масло од Црно семе во еден филџан топло млеко и испијте ја пред заспивање.

ХЕМОРОИДИ: Варете 250 мл. Маслиново масло во прашок од к’на 5 минути. Земете 10 капки од смесата, додајте 5 капки масло од Црно семе и ставете ја а болното место наутро и пред заспивање. Исто така, наутро земете 5 парчиња смкви и 10 капки масло од Црно семе.

ГАСОВИ: Измешајте 10 капки масло од Црно семе во 60 грама Ајова (Ajawain Desi) и потопете ги во сок од лимон. Откако смесата ќе се исуши на сонце, додајте 10 грама црна сол и земјате по 2 грама од смесата два пати дневно.

ДИЗЕНТЕРИЈА: Измешајте две лажички од Испаголот (Psyllium Husk) во чаша јогурт, додајте 5 капки масло од Црно семе и појте ја смесата три пати дневно.

КИСЕЛИНИ И ЧИР ВО СТОМАКОТ: Додајте 10 капки масло од Црно семе две лажички мед и земајте ја смесата секој ден.

ОЧНИ БОЛЕСТИ: Нежно масирајте ги очни капаци со масло од Црно семе пред заспивање. Исто така, ставете половина лажичка масло од Црно семе во чаша сок од морков и пијте го два пати дневно.

КАТАРАКТА: Една капка од масло од Црно семе во окото е корисна на почетокот од појавата на катаракта.

ПЕЧЕЊЕ ПРЕД МОКРЕЊЕ: Додајте 10 капки масло од Црно семе и една лажичка мед во една шоља млеко. Пијте секој ден, додека печењето не исчезне.

НЕДОВОЛНО МОКРЕЊЕ: Сварете 30 грама лисје од пченка во чаша вода. Оставете ја да се излади, процедете ја и испијте ја откако во неа ќе додадете 10 капки масло од Црно семе.

ПРВУТ: Земете по 30 грама од лисја до к’на и од лисја од Касни (Endive). Варете ги во 500 мл овошен оцет десетина минути. Земете две или три лажички од лосионот и откако во него ќе додадете 10 капки од маслото од Црно, нанесете го на главата.

ПРЕДВРЕМЕНО БЕЛЕЕЊЕ НА КОСАТА: Измешајте го маслото од Црно семе со масло од кокос и масло од смола од дрвото Malicea во еднакви количества и нанесувајте на косата еднаш дневно.

СЛАБА И ОПАЃАЧКА КОСА: Нанесувањето на масло од Црно семе два или три пати дневно го сопира опаѓањето на косата и доведува до тоа влакната да растат подолги и подебели. Исто така, на косата и дава и цврстина и сјај. Со тоа, предвремено белеење на косата се сопира, а првутот и сувоста на косата се искоренуваат.

КОСОПАСТ И ЌЕЛАВОСТ: Измешајте вода од ѓумбир и овошен оцет во еднакви количини и ставајте го ан ќелавите места секои утро и нежно масирајте ги со маслото од Црно семе пред заспивање.

ЗА УБАВО ЛИЦЕ И КОЖА: Додајте 5 капки од маслото од Црно семе во сок од еден лимон. Ставајте го на лицето и рацете секое утро. По десет минути, исплакнете се со млака вода.

ВИТИЛИГО (пигментско заболување на кожата): Нанесувајте масло од Црно семе на заболените места на кожата два пати дневно.

ХИДРОПСИЈА: Здробете диња (Карела) и сцедете 60 мл вода од здробената маса. Додајте три лажички мед и 2 лажички масло од Црно семе. Пијте го сокот еднаш дневно во текот на една седмица.

СЕКСУАЛНА СЛАБОСТ: Здробете и измешајте семе од saussurea и од поточарка во еднакви количини. Земете една лажичка од таквиот прав, додајте 10 капки масло од Црно семе, една лажичка мед и испијте ја смесата откако ќе ја измешате во чаша млеко.

УГОЕНОСТ: Ставете сок од 3 лимона во чаша вода, додајте 10 капки масло од Црно семе и пијте три пати дневно. Стекнете навика да не јадете ништо помеѓу главните оброци и секогаш обидувајте се ја да јадете помалку од вашиот апетит. (Пациентите со заболени бубрези не треба да се повргнуваат на овој третман.)

 

За повеќе информации околу тоа како да го најдете ова масло, регистрирајте се на ИЦ Форумот (www.forum.islamski-centar.org) и коментирајте на темата која се наоѓа на линкот подоле:

 

КОМЕНТИРАЈТЕ НА ОВАА ТЕМА (ЛИНК) 
(треба да се регистрирате на форум)



Последно освежено ( Понеделник, 13 Декември 2010 23:56 )  

Додај коментар

ПРАВИЛА НА КОМЕНТИРАЊЕ

1. Коментирањето е дозволено на секој посетител на Исламски Центар.


2. Секој коментар ќе биде најпрвин прегледан од Администраторот, потоа објавен.

3. Строго е забрането пишување коментари со навредлива или вулгарна содржина.
ИЦ Технички Администратор


- | -  - | - - | - - | - - | - - | - - | -

КЛАЊАЊЕ НАМАЗ (FLASH АНИМАЦИЈА)

Најново за симнување

01.Apr
Downloads
FileЧовечката репродукција во Куранот
01.Apr
Downloads
FileЖената во Библијата
01.Apr
Downloads
FileЗошто науката не успева во објаснувањето на Бог?
24.Feb
Downloads
FileТаквим 2012

Хадиси

“Е, колку зачудува верникот! Тој во секоја прилика е добар. А тоа е можно да се најде само кај верникот. Кога ќе му се случи она што го радува се зафалува и добро стекнува, а кога ќе му се случи некакво зло, стравува и, пак, добро стекнува.”


ВО ЖИВО ОД МЕККА

Посетеност

Артиклот е прочитан:57866 пати

Аудио Куран


Најнови артикли

Популарни артикли

За нас

- Исламски Центар -
Исламски Да'ветски Сервис