You are here: Дома Вести Свет Инцидент на скопско Кaле околу изградбата на сакралниот објект
  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
Search

Исламски Центар веб портал


Инцидент на скопско Кaле околу изградбата на сакралниот објект

Е-пошта Печати PDF

Инцидент на скопско Кaле околу изградбата на сакралниот објектГужва на скопското Кале. Ноќеска на полноќ, група граѓани го уриваа објектот кој се гради на тврдината откако забележале дека работници изведуваат градежни работи. На Калето присутни беа и високи функционери на ДУИ. Барањето на полицијата уривањето да запре не беше послушано. Работниците си заминаа со полициска придружба. 

Дојдоа и високи функционери на ДУИ – министерот за здравство Османи, заменик-министерот за внатрешни Бучи и градоначалникот на Чаир Меџити. 

Никој од 50 - темина работници не сакаше да зборува кој ги пратил ноќе да работат на Калето. Беа донесени со автобус со битолски регистерски таблички. 

Подоцна во ноќта пристигна и полицијата. Тие побараа граѓаните да престанат со уривањето, но не беа послушани. Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Меџити изјави дека нема да дозволат на ваков начин 
да се менува историјата на Калето.

“Констатиравме дека на кукавички начин, ноќе, мислејќи дека нема да бидат забележани, дошле да работат. Ние дојдовме тука за да најдеме решение што ќе ја отслика историјата на Калето, но некој се обидува тоа да го злоупотреби. Ние вечерва сме тука за да покажеме дека не дозволуваме никој да постапува на таков начин“, нагласи Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Работниците кои беа донесени да градат си заминаа со полициска придружба час и половина по полноќ.

Превземено од: www.alsat.mk

www.islamski-centar.org 

 



Слични артикли


 

Додај коментар

ПРАВИЛА НА КОМЕНТИРАЊЕ

1. Коментирањето е дозволено на секој посетител на Исламски Центар.


2. Секој коментар ќе биде најпрвин прегледан од Администраторот, потоа објавен.

3. Строго е забрането пишување коментари со навредлива или вулгарна содржина.
ИЦ Технички Администратор


- | -  - | - - | - - | - - | - - | - - | -

КЛАЊАЊЕ НАМАЗ (FLASH АНИМАЦИЈА)

Најново за симнување

01.Apr
Downloads
FileЧовечката репродукција во Куранот
01.Apr
Downloads
FileЖената во Библијата
01.Apr
Downloads
FileЗошто науката не успева во објаснувањето на Бог?
24.Feb
Downloads
FileТаквим 2012

Хадиси

Разменувајте подароци - ќе се сакате(Бејхеки)


ВО ЖИВО ОД МЕККА

Посетеност

Артиклот е прочитан:7083 пати

Аудио Куран


Најнови артикли

Популарни артикли

За нас

- Исламски Центар -
Исламски Да'ветски Сервис